Исчезна поранешниот синдикалец Оливер Стојановски, кој пред еден месец направи сообраќајна несреќа со возило на министерството за одбрана. Последен пат семејството го видело во петокот во 8 часот наутро и оттогаш му се губи секаква трага. Неговата сопруга пред два дена го пријавила во полиција неговото исчезнување, а неговиот брат го известил министерството за одбрана. Од МВР потврдуваат дека трагаат по Стојановски.
„Лицето е пријавено за исчезнато во неделата од страна на неговата сопруга. Службите трагаат по него.“
Од министерството за одбрана каде е вработен Стојановски велат:
„Од случувањето на сообраќајната несреќа до денеска не се појавил на работа. Било доставено боледување со датум до 30 ноември, со најава дека ќе биде обезбедено продолжување на боледувањето. Претпоставените на Стојановски се обиделе да воспостават контакт со него но воопшто не било можно да се воспостави контакт на неговиот телефонски број. Од моментот кога МВР известила за неговото исчезнување, сите податоци кои МВР ги побарало за Оливер Стојановски, биле доставени од страна на неговите претпоставени.“
Телевизија 24 стапи во контакт со братот на Стојановски. Во телефонски разговор тој ни изјави дека Стојановски имал здравствени проблеми.
„Последен пат го видовме во петокот во 8 часот наутро. Оливер не е целосно закрепнат од сообраќајната несреќа. Тој е отпуштен од болница со повреди на главата. А замислете, комисијата му даде само една недела боледување. “
Оливер Стојановски пред еден месец направи сообраќајна несреќа со возило на министерството за одбрана кое било доделено на синдикатот, а тој не го вратил по заминувањето од претседателската функција. Министерството тогаш потврди дека возилото било управувано без патен налог, но даде одговор на прашањето зошто не го побарало возилото веднаш откако констатирале дека тој не го претставува репрезенаттивниот синдикат. Автомобилот со кој била направена несреќата се наоѓа во Тeхничко ремонтниот центар на АРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


