| четврток, 6 декември 2018 |

Вака крадците ги крадат парите од банкомат: Еве како да се заштитите

„Либанска замка”, е механизам кој крадците го поставуваат на банкоматите за да дојдат до парите од картичките на граѓаните.

„Либанска замка” е апарат кој се додава на банкоматот на местото каде што се става картичката, а потоа тој го „чита” бројот на употребената картичка и на основа на тоа се прави лажна картичка и се крадат парите од сметката.

Овој механизам се состои од пластични делови кои се ставаат на картички (скимери) и специјално изработена „флеш” меморија, чија функција е да ги чува податоците од картичките. ПИН-кодот, без кој не е возможно да се пристапи до сметката, главно го снимаат со скриено камерче или уред кој автоматски го памети бројот кој се внесува, велат експертите.

Како да се заштитите ?

За време на подигање на пари внимавајте, не го откривајте ПИН-кодот на друг човек. Кога го внесувате кодот со едната рака обидете да го сокриете, а ако картичката ви се заглави во банкоматот, веднаш обратете се во банката. Чувајте се од непознати личности кои ви нудат помош, доколку забележите нешто сомнително на банкоматот, немојте да го користите. На крај, редовно проверувајте ја состојбата на сметката.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top