| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарот Томас стигна до Санта Барбара: Загорзени домовите на Опра, Елен Де Џенерис, евакуирани жителите на Монтесито

Жителите на градот Санта Барбара се евакуирани од нивните куќи, бидејќи ветровите со брзини и до 60 км/ч влијаеја на брзото ширење на пожарот кој ја зафати Калифорнија. Итно беа евакуирани жители на Монтесито, Самерленд и еден дел од Санта Барбара, а вработените во зоолошката градина ги криеја животните во големи сандаци, за да можат да ги спасат.

Пожарот „Томас“ забрзано се прошири према запад, северно од Монтесито, местото на кое живеат Опра Винфри, Елен ДеЏенерис и многу други познати личности.

Ова е еден од трите најголеми пожари во историјата на Калифорнија, а во него изгореа повеќе од 700 куќи, а загина и еден пожарникар. Од 4 декември па досега евакуирани се околу 95.000

Пјер Хенри, сопственик на пекара во Монтесито, рече дека добил предупредување за евакуација, со оглед на брзината на ширењето на пожарот.

„Најлош е мирисот на чадот. Воопшто не можеше да се диши и стана уште полошо кога ветерот почна да дува. Тогаш целата пепел и чад од улицата беа во воздух, беше застрашувачки“, рече тој.

Гувернерот на Калифорнија, Џери Браун, рече дека пожарот кој ја погоди неговата држава треба да биде предупредување за сите оние кои не веруваат во климатските промени.

 

извор: kajgana.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top