Фејсбук започна со воведувањето на уште една нова функција – фотографии во коментар, поточно можност да коментирате со фотографија наместо со зборови, пренесува „Мешабл“ („Mashable“).
Наскоро оваа опција ќе биде достапна за секој кој се приклучува преку компјутер или смартфон, а иако тоа ќе биде видливо, такви коментари сеуште нема да може да се поставуваат преку апликациите за мобилен, опција која ќе се појави со следното надоградување.
Додавањето на оваа опција вклучува и нова икона со камера на десната страна на местото каде што се пишуваат коментарите, со чие клукнување може да ја одберете фотографијата која сакате да ја прикачите како коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


