| четврток, 6 декември 2018 |

Градежниот инспектор бара да запре уништувањето на Плаја Виста, но градежните активности продолжуваат

vista-500Дел од жителите на општина Центар сѐ уште бараат, како што велат, крај на беззаконието околу уништувањето на базените „Плаја виста“ под Кале. Тие велат дека базените се уништуваат и покрај забраната за градење и решение за уривање од општина Центар. Тие во нашата редакција испратија документи, меѓу кои стои и решението под број Ип1-37-183, со кое се наредува на инвеститорот во рок  од 3 дена да го врати објектот во првобитна состојба бидејќи за пренамената на просторот околу базенот нема соодветна документација.

resenie-500

– По ова решение не се постапува во дадениот рок и напротив, забрзано се уриваат базените и се градат ѕидови, тенди и други градби за дискотека без никаква дозвола од Општината. Иако се кршат повеќе закони, нема соодветна реакција од надлежните органи. Градоначаникот Жерновски ја уверуваше јавноста дека нема никаква поврзаност со инвеститорот СЕКТОР 909 и дека ќе се преземат сите потребни дејствија да се зачуваат базените за деца, а не да се гради дива дискотека – наведуваат граѓаните незадоволни од она што се случува со „Плаја виста“.

zapisnik-500

 

Загрижените скопјани сметаат дека постои партиска поврзаност и пријателски  релации со газдите на објектот поради што првиот човек на Општина Центар не дава налог за уривање на дивоградбата, како што налагаат законите.

Неодамна во редакцијата на „Република“ пристигнаа фотографии на кои се гледаше уништувањето на базените. Граѓанинот кој ни ги испрати фотографиите посочи дека се уништуваат неколку спортски објекти и базени и на нивно место се градат дискотеки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top