| четврток, 6 декември 2018 |

Одлуките за одземање на имунитетот на пратениците потпишани и проследени до судот

Претседателот на Собранието Талат Џафери веднаш по завршувањето на денешната седница ги потпиша одлуките за симнување на имунитетот на шестмината пратеници од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и тие се веќе проследени до Кривичниот суд.

Претходно, Собранието го одобри барањето на судот за одземање на имунитетот на Крсто Мукоски, Жаклина Пешевска, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски.

Шесте пратеници се дел од 36-те лица кои Основното јавно обвинителство ги гони за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, во врска со настаните од 27 април годинава во Собранието на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top