| четврток, 6 декември 2018 |

УХМР излезе со предупредување: Можно е излевање на Радика, Црн Дрим, Сатеска и Вардар

Врнежите во последните 24 часа ги зголемија нивото на сите водотеци во Македонија, а особено на реките во западниот дел на земјата, велат од УХМР.

Според податоците на Управата, најголеми промени на водостојот има на реките Радика кај Бошков мост, Сатеска кај Ботун и на Вардар кај Јегуновце, а продолжувањето на врнежите може да доведе до излевање на Радика, Црн Дрим, Сатеска и на Вардар.

-Се очекува да продолжи зголемувањето на нивото на сите водотеци со оглед на најавите од синооптичарите дека врнежите ќе продолжат, а ќе бидат најобилни во југозападните и во источните делови на земјава, каде се очекуваат повеќе од 60 литри на еден квадратен метар, велат од УХМР.

Поради можните излевања од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top