| четврток, 6 декември 2018 |

Каракамишева: ОЈО до каде сте со доказите за кривичната против пратениците кои неуставно избраа собраниски спикер?!

-Ако мојата маленкост смее да го праша ОЈО до кај е со прибирањето докази по кривичната пријава поднесена против пратениците Ферид Мухиќ, Горан Мисовски, Талат Џафери и уште 64 други за неуставниот и нелегалниот избор на Претседател на Собрание на 27 април од страна на Здружението на граѓани за почитување на прописите од Битола? – запраша на својот фејсбук профил професорката Тања Каракамишева.

Таа праша дали уште ли прибираат докази за оваа пријава.

-И уште едно прашање, ако смеам, ќе постапи ли ОЈО против пратеникот што пееше Албанска химна во Собранието на Македонија, или и за тоа им треба уште време за да соберат докази?- додава Каракамишева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top