| четврток, 6 декември 2018 |

Македонија не прифаќа игра на префрлање вина

никола поповскиМакедонија во спорот за името се залага за интензивен разговор врз основа на аргументи бидејќи аргументите се на наша страна, односно на страната на непопречување на евроинтеграциските напори на земјата и во барање на решение кое е базирано на меѓународното право. На полето на префрлање на вина и игри од аспект на агенди и одлуки кои се однесува било на НАТО или ЕУ, Грција е страната која ги има сите карти во свои раце. Ние остануваме посветени на стратешките цели- членството во ЕУ и во НАТО, изјави министерот за надворешни работи Никола Поповски на заедничката конференција за печатот по Министерскиот состанок на САД- Јадранската повелба.

Попоски посочи на фактите во спорот додавајќи дека државата нема интерес да влегува во игра на префрлање вина, а по пораката на грчкиот престседател Папуљас кој за српскиот весник „Политика“ посочува дека Грција го изодела патот на компромисот, а на ред е Македонија која треба да го напушти македонизмот ако посакува членство во евроатлантските сртуктури.

-Фактите говорат дека Македонија ги исполнила сите обврски од Времената спогодба, вклучително и именувањето во ОН. д друга страна не би можело тоа да се каже за Грција, посочи Поповски.

-Немаме никаква причина да навлегуваме во префрлања на вина и доколку нашите соседи навистина покажат ниво на посветеност кое немма да биде само реторика, односно празн зборови , туку навистина пријдат и се согласат на интензивен дијалог кон надминување на овој процес, тогаш навистина ќе можеме да го надминеме. Ако навистина постои подготвеносст во Грција, тогаш покажете го тоа, седнете и разговарајте во рамки на процесот инициран од Нимиц за да го надминеме овој проблем, повика шефот на македонската дипломатија Никола Поповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top