Човекот кој што пред неколку дена имаше обврска за време на прошталната забава на Шведскиот амбасадор во Македонија да го глуми Прометеј облечен во пелени и со шише „скопско“ во раката е од ромска националност, дознава Курир.
Според информациите, станува збор за припадник на ромската заедница, кој добил задача да ја спроведе желбата на шведскиот амбасадор Ларс Вахлундс, со која тој длабоко ги навреди чувствата на македонскиот народ.
Лажниот Прометеј не бил свесен дека со шегата нарачана од Шведската амбасада може да предизвика гнев во јавноста, а дел од медиумите пренесоа дека тој размислува да го тужи амбасадорот за мобинг.
Притоа амбасадорот Вахлунд направи манипулација врз него и поради тоа што ветил дека се работи за интерна забава за која јавноста нема да дознае, но сепак на крајот Амбасадата не спречила објавување на фотографија од човекот, за кој сега стана јасно дека е Ром по националност.
Засега е непознато колку заработил човекот кој беше ангажиран од шведскиот амбасадор да го глуми Прометеј. Од друга страна, дали ваквата постапка на Вахлунд значи злоупотреба и кршење на човековите права согласно Европската конвенција за човекови права и воедно претставува навреда за припадниците на ромската заедница чија состојба во Македонија според многу истражувања е најдобра во сите земји од регионот.
Вахлунд се уште не го искоментира скандалот кој што беше остро критикуван од јавноста и здружението Бедем, од каде побараат во име на сите македонските бранители, тој јавно да се извини поради своето навредливо однесување кон Македонија.
Однесувањето на Шведскиот амбасадор од „Бедем“ го оценија како скандалозно и преставува „дипломатски скандал кој е перфиден и најнизок обид за исмевање на националните и патриотски чувства на македонскиот народ“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


