| четврток, 6 декември 2018 |

Заев: Откако ја формиравме владата правиме терен за промена на името

Политичарите можат да излезат како победници ако го решат неколкудеценискиот спор со името. Заврши времето да се плашиме дека поради тоа ќе изгубиме гласови, изјави премиерот Зоран Заев по денешната средба со градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис.

– Терен за конечно решавање на името се подготвува уште од првиот момент откако беше формирана Владата, но уште нема никави детали. Досега сме на она што значи позитивни услови и расположение од сите страни – одговори премиерот на прашањето дали се создава атмосфера за решавање на спорот во 2018 година. – рече премиерот Зоран Заев по средбата со градоначалникот на Солун.

Средбата на преговарачите со медијаторот Метју Нимиц, која требаше да се одржи наредната недела во Брисел ќе се оствари во почетокот на декември. Заев знае детали, но не сакаше да ги соопшти бидејќи, како што рече, средбата е во организација на Нимиц.

Тој кажа оти Владата останува на ставот преговорите да ги води заедно со опозицијата и со претседателот, а на крај за името да се изјаснат граѓаните на референдум.

Во духот на добрососедството и пријателството солунскиот градоначалник го поканил Заев на дочек на Нова година во Солун, а премиерот се заблагодари на поканата и изрази надеж дека можеби новогодишните празници ќе ги дочека заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Солун.

Градоначалникот на Солун не сакаше да коментира во однос на политичките прашања, но рече дека општинската соработка која ќе се развива ќе биде под покровителство на владите и нагласи дека проблемите полесно се решаваат ако се тргне од дното нагоре.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top