Македонската проектантска компанија ТЕТРАКТИС Кристијан ДООЕЛ освои Гран-при за проектирање на Интернационалното биенале за млади архитекти Леонардо 2017 во Минск.
Наградата е доделена во категоријата „Зелена-пејзажна архитектура, урбан дизајн, монументална уметност и скулптурална архитектура” за проектот „Конзервација, реконструкција и адаптација на црквата ’Св. Никола’ во Mаврово“. Автори на проектот се Соња Милачиќ, Ана Наумова и Анета Николова, под менторство на Кристијан Јорданов.
На биеналето Леонардо 2017 учествуваа млади архитекти од 17 земји и беа изложени повеќе од 120 проекти. Наградувањето беше под надлежност на Интернационалната унија на архитекти и Интернационалната асоцијација на архитектонски унии.
Биеналето беше во склоп на натпревар кој се одржа во Палатата на уметностите во главниот град на Белорусија од 9-ти до 11 ноември. Беа доделени и награди на победниците на 12. Национален архитектонски фестивал, посветен на 950-тата годишнина на градот Минск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


