| четврток, 6 декември 2018 |

Пике и Суерез го расплакаа Нејмар (Фото)

Позната е причината поради која Нејмар заплака на прес-конференцијата по мечот со Јапонија.

Нејмар се расплакаа на прес-конференцијата на бразилската репрезентацијата поради, како што рече тој, лажните написи дека не е среќен во Париз и дека има проблем со тренерот и соиграчите и дека веќе се покајал што заминал од Барселона.

-Постојано кружат истите приказни, тоа не е вистина, ме боли кога читам, навистина супер ми оди во Париз, изјави Нејмар низ солзи.

Но, шпанските медиуми не се откажуваат.

Имено, „Дон Балон“ пишува дека Нејмар е лут на Пике и Суарез. Тој верува дека тие во доверлив разговор со новинарите, односно со јавноста, пуштиле приказна дека Нејмар се покајал што си заминал од Барселона и дека е свесен дека направил голема грешка со преселба во послаба лига.

„Дон Балон“ тврди дека солзите се всушност тага поради „предавството“ од пријателите, поточно поранешните соиграчи кои неговите емоции ги изложиле во јавноста. Тоа му направило проблем во Париз, во самиот клуб, бидејќи добил се што посакал…

Во меѓувреме, се провлекува приказна и дека Меси го предупредил Бразилецот дека, во случај да замине во Реал, следното лето, или било кого, секогаш во светот на фудбалот ќе биде доживуван како предавник и дека такво нешто не смее да направи…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top