
Земјотрес со јачина од 7,3 степени по Рихтеровата скала, според Американскиот геофизички институт, вечерва го погоди реонот на градот Халабџа во Ирачки Курдистан, во близина на границата помеѓу Ирак и Иран.
Епицентарот бил југозападно од Халабџа, на 103 километри југоисточно од ирачкиот град Сулејманија.
Според европскиот медитернаски сеиозмолошки центар, земјотресот бил 7,4 степени, на длабочина од 10 километри и 32 километри северно од иранскиот град Сарпол и Захаб, а ирачката метеоролошка служба пак информираше дека јачината била 7,5 степени.
Земјотресот предизвикал штета во најмалку осум ирански населени места, а во некои региони долшо и до прекин на електричната енергија. Се уште нема информации за потенцијални жртви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


