| четврток, 6 декември 2018 |

На Јемен му се заканува глад од најголеми размери (Вознемирувачко Видео)

Јемен, кој од понеделникот се наоѓа под блокада од страна на Саудиска Арабија, се соочува пред најтешката криза со недостиг на храна во последните децении, што може да предизвика смрт на голем број лица, предупреди заменик-генералниот секретар на ОН за хуманитарни прашања Марк Лоукок.

По заседанието на Советот за безбедност на ОН зад затворени врати, Лоукок наведе дека побарал итно продолжување на доставата на пратките со хуманитарна помош за населението во Јемен, што беше запрена кон почетокот на неделава.

Советот за безбедност на ОН побара од арапската коалиција, предводена од Саудиска Арабија, да ги остави отворени пристаништата и аеродромите во Јемен, со цел да може да се доставува хуманитарна помош.

– На заседанието во Швајцарија на Советот за безбедност на ОН, 15-те членки изразија загриженост поради катастрофалната хуманитарна состојба во Јемен, нагласи постојаниот претставник на Италија во ОН, Себастијано Карди.

Арaпската коалиција во понеделникот соопшти дека ги затвора сите копнени, водени и воздушни патишта кон Јемен за да го запре доставувањето на оружје за бунтовниците Хути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top