| четврток, 6 декември 2018 |

Четири сценарија за Европа: Крвава војна ќе почне од Каталонија?

Руско – американскиот научник и аналитичар Петар Турчин предвидува што може да се случи со Европа.

До 2027 година големиот проект на европска интеграција ќе се опорави и ќе нема евроскептични гласови.

Според второто сценарио можно е ЕУ да продолжи да се „провлекува“.

Нема да има ни позитивни ни негативни трендови и во 2027 година Европа ќе биде таму каде што е сега.

Третото сценарио е дека ќе има ситење на ЕУ и таа ќе се распадне.

Според него, Полска и Унгарија ќе се вратат на националистичките политики и Европа ќе се ситни, по мирен пат.

Четвртото сценарио говори дека во Европа нема да има мир и дека Владата на Маријано Рахој не сфаќа колку е опасна репресијата која ја врши врз Каталонија. Турчин смета дека е можно да дојде до крвава граѓанска војна.

фактор.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top