| четврток, 6 декември 2018 |

Ако не сте ги знаеле: Осум знаци кои укажуваат дека наскоро ќе добиете пари

Ако работите на тоа да манифестирате изобилство во животот, можеби се прашувате како ќе знаете дека вашиот труд ќе биде награден. Добра вест е дека постојат одредени „предавнички“ знаци со кои вселената ви покажува дека ви пристигаат пари, а голем број од следните осум знаци доаѓаат од Фенг шуи традицијата.

Освен тоа, овие знаци може да ви помогнат да процените дали е корисно да се одлучите за некое финансиско вложување или пак да се насочите на нов маркетиншки потфат.

Постојано го гледате бројот 8

Историски гледано, бројот 8 секогаш бил доста значаен. На пример, во Кина тоа е еден од најсреќните броеви и тесно е поврзан со среќата. Интересно е што бројот 8 има потполно симетрична форма и симболизира рамнотежа. Ако го проверите датумот 08/08/08, ќе видите дека голем број луѓе решиле да се венчаат во Кина на тој ден, а куќите кои во адреса го имаат бројот 8 се често доста барани.
Значи, ако почнавте насекаде да го забележувате бројот 8 (адреси, телефонски броеви, таблички), можно е дека наскоро ве очекува добивка.

Добивате пари на одреден ден

Според Фенг шуи, ако сте добиле некакви пари (било да е тоа подарок или добивка) на одреден ден, тогаш може да очекувате уште повеќе пари во наредните недели и месеци.
Имено, ако добиете пари на првиот ден од новиот месец или за време на полна месечина, можно е дека ќе имате повеќе изобилство во својот живот. Можете дури да ја користите оваа симболика во своите креативни визуелизации, замислувајќи како добивате пари кој сте ги посакале додека месечината ви е над главата.

Очекувате бебе

Древното кинеско знаење тврди дека кога сте бремени, вие исто така носите среќа во вас. Оттаму потекнува старото верување дека е лоша среќа да се обложувате против бремена жена кога се коцкате. Некои велат дека можете да привлечете финансиска добивка во својот живот само затоа што сте во близина на бремена жена. Значи, ако вашиот партнер, пријател или сестра очекуваат бебе, нешто од таа среќа може да се прошири и на вас.
Инсектите го посетуваат вашиот дом

Секако, поголем број од нас не сакаат да пронајдат бубачки во својот дом, но кафеавите инсекти (особено скакулците или пајаците) се симбол на среќа која ви пристига.
Ширум светот се верува дека пеперутка со темна боја укажува на претстојните позитивни вести во врска со кариера, што обично се изедначува со добри вести за зголемување на платата.

Во вашето кафе се направиле меурчиња

Тоа помалку е чудно, но постои верување кое вели дека луѓето кои гледаат меурчиња на површина од своето кафе ќе уживаат во позитивни промени на среќата – затоа фрлете око на површината на следното кафе пред да го испиете.

Имате многу ситни парички

Ако имате многу парички (на пример во голема тегла), можете да привлечете повеќе пари во својот живот. Според Фенг шиу, ако паричките ги држите во вашата кујна , тоа веројатно ќе ви помогне да стекнете финансиско изобилство, додека руското суеверие тврди дека ќе привлечете големи суми на пари ако паричките ги чувате во орманот или во кесички насекаде низ домот.

Имате непријатна средба со птица

Можеби ќе се чувствувате како целиот свет да вие уништен доколку птица реши да се олесни над вашата глава, но таа одбивна средба со птица всушност би требало да значи дека ќе добиете повеќе пари во блиска иднина.

Вашите иницијали се во пајаковата мрежа

Ова е доста специфичен знак дека ви пристигаат пари, а не е веројатно дека често ќе го гледате, но ако го видите, примете го на знаење. Доста е раширено верувањето дека ќе имате среќа ако ги видите своите иницијали во пајаковата мрежа. Се што ќе посакате ќе привлекувате со малку труд (слично како што пајакот го привлекува пленот) – без оглед дали сонувате за пари, успех или за нешто сосема друго.

Прочитајте повеќе на: http://www.turlitava.com/dali-ste-znaele-osum-znatsi-koi-ukazhuvaat-deka-naskoro-ke-dobiete-pari/#ixzz4xZUwj0cF

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top