Се поголемиот број на припадници на екстремната десница, група која од доаѓањето на Доналд Трамп на власт станува се повлијателна во САД, веруваат дека новата граѓанска војна во Америка ќе почне во сабота, на 4 ноември.
Оваа застрашувачка идеја циркулира на социјалните мрежи и останатите канали за комуникација уште од септември, а екстремистите од редовите на ултра-десницата веруваат дека токму во сабота “антифашистичките здруженија ќе започнат насилен бунт во САД”.
Некои сајтови ги убедуваат своите читатели дека „антифашистите овој викенд планираат да го убијат секој Американец кој гласал за Доналд Трамп, секој конзервативец и секој што поседува оружје“, јавува Гардијан.
Голем број објави на Фејсбук недвосмислено покажуваат дека консументите на ваквите вести многу сериозно ги сфаќаат овие бизарни најави, а коментарите како: „Ако уште еднаш се заканат белците, се колнам дека ќе седнам зад волан и ќе ги прегазам сите“, може да се прочитаат на секој чекор.
Меѓутоа, антифашистичките здруженија и таканаречените “левичари”, немаат никаква намера во сабота да започнат крвав поход ширум САД. Зошто тогаш се наметнува приказната за нова граѓанска војна?
Целата теорија лежи на многу тенок материјал, тврди политичкиот аналитичар, Др. Спенсер Саншајн, автор на неодамнешното истражување за теориите на заговор на ултрадесницата за “Political Research Associates”. Во поплавата од заговорнички дезинформации, доминираат оние кои се објавуваат на ЈуТјуб, како овие:
Од септември 2017. година, теориите на заговор станале се побројни и погласни, а три фактори се многу воочливи.
Прво, “Refuse Fascism”, мала група поврзана со американската Револуционерна Комунистичка партија, организирала протест на улиците на Лос Анџелес, сопирајќи го сообраќајот со интересна кореографија. Го блокирале автопатот 101 и држеле картонски транспаренти кои заедно ја формирале пораката: “На 4. ноември започнува”. “Refuse Fascism” е истата група која минатиот викенд одржала мирен протест во САД против режимот на Трамп.
Второ, видео снимката објавена на Фејсбук страната “Vets Before Illegals” станала вирална. Во снимката со име “Антифашистите одредија датум за почеток на граѓанска војна”, се тврди дека “на нивниот сајт повикуваат на отворена војна која ќе започне во ноември”, и укажува на плановите за напади на полицијата, граѓаните и владата на САД.
Трето, но не и најмалку важно, се гласините кои како вирус ги шири радио-водителот Алекс Џонс, човек кој е медиумско лице на ултра-десницата, но и некој кој со својата наартикулирана реторика се кандидира за титулата “најголем фан на Доналд Трамп”. Џонс има милионска публика, а како што објаснува Др. Саншајн, “овој радио-водител претставува вид на метастазиран теоретичар на заговори, кои чита туѓи теории и ги препакува во сопствен наратив, со што се прилагодува на својата публика”.
Кога Џонс го споменал таканаречениот “план во режија на анти-фашистите”, гласината експлодирала:
“Кога Алекс Џонс нешто ќе изговори, милиони тоа го проголтуваат”, вели Саншајн.
На сајтот “Infowars”, приказната на Алекс Џонс за наводен почеток на граѓанска војна е ударна вест со денови, а така и денес, во што можете да се уверите и сами.
Апсурден пресврт

Минатите денови приказната добила апсурден пресврт, и така дошла до некои конзервативни медиуми во САД. “Гетвеј Пандит”, познат конзервативен блог кој прераснал во инфо-портал, објавил приказна за Луцијан Винтрич, свој кореспондент од Белата куќа, тврдејќи дека “лидерот на антифашистите ветил дека ќе обезглавува белци на 4. ноември”.
Приказната е базирана на твит, за кој набрзо се воспоставило дека е шега, со оглед на тоа дека профилот од кој бил објавен често објавувал шегобијни содржини, и притоа нема никаква врска со антифашистичките организации во САД.
Во телефонското интервју, Винтрич признал дека твитот на кој ја засновал својата приказна, бил од “несериозен карактер”, односно дека “се мали шансите во сабота да дојде до револуција”. Меѓутоа, од ставовите во својата приказна не отстапувал, претставувајќи како “критика на левичарската реторика”.
“Радикалната левица често прави шеги на сметка на убивање на белци. Што би се случило кога некој ќе се пошегува дека ќе ги убие сите црнци? Тоа би било ударна вест во сите медиуми. Доколку е прикладно тие да ги демонизираат конзервативците кога ќе се пошегуваат, зошто ние да седиме со скрстени раце додека тие ги кажуваат своите неприкладни коментари и “шеги””, вели Винтрич.
Неговиот текст опфаќа детален опис на нешто што го нарекува “антифашистичка идеологија”, а “левичарските активисти” ги нарекува “сексуално исфрустрирани актери”.

Кога колегите новинари го прашале на која основа пишувал за идеологијата, како и каде го собирал материјалот за истражување, Винтрич одговорил:
“Одев на колеџот Бард. Бев окружен со луѓе за кои сум сигурен дека го пронашле своето место на терористичката листа на владата на САД, со оглед на тоа дека се социјалистички и комунистички екстремисти”.
Марк Бреј, историчар и автор на “Антифашистички водич”, тврди дека ултрадесницата до 2017. година немала поим што е всушност тоа “анти-фашистичко движење”.
“Тие почнаа да ги напаѓаат меинстрим либералите, поистоветувајќи ги со антифашисти, иако немаат никаква врска едни со други. Меѓутоа, благодарение на незнаењето на ултрадесничарското јадро, тоа не е важно. Важен е само агресивниот и апокалиптичен наратив кој го користат, и кој секогаш води кон истото: “Нешто опасно се подготвува”. Тоа е чист пример за повик на линч на сите оние кои не го мислат истото. Алармантно е тоа што ултрадесницата стана толку моќна во САД”, рекол Бреј.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


