
Експозитура на „Македонски пошти“ во скопската населба Маџари е ограбена при што е одземена засега се уште неутврдена сума пари.
Полицијата денеска соопшти дека кражбата е извршена вчера околу 09:30 часот кога три маскирани лица со закана со пиштол од вработените одзеле пари и го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


