| четврток, 6 декември 2018 |

Заминувањето од Нина тешко ми падна-Бранислав конечно проговори за разводот

Бранислав Лечиќ, познатиот српски актер кој во моментов е преокупиран со подготвките за емисијата „Твоето лице звучи познато“, разговара со поранешната сопруга и е во добри односи со неа поради синот Лав.

Кога пред скоро една година Лека стави точка на шестгодишниот брак со шармантната водителка Нина Радуловиќ, тој не сакаше во медиумите да зборува за разводот. Сепак, сега открива дека разделбата му паднала тешко, но дека се слуша со поранешната сопруга.

-Нормално е дека постојано се слушаме и дека сме во контакт. Штом имаш деца, мораш да го следиш нивниот развој, тоа е нормална работа и сме во добри односи-рекол Бранислав.

Тој додал дека го погодиле шпекулациите кои ги читал за својот развод и за тоа дека повеќе не е во контакт со својата поранешна жена, а на прашањето дали тешко му паднал разводот Лека одговорил:

-Кому лесно му паѓа разводот?Тоа е пореметување на животот. Но идеме понатака. Нема сега препрека, тоа е животот. Сето тоа е субјективна работа. Тешко е, но што сега?Имав толку тешки работи во животот кои ги надминав, што ова во споредба со тоа е безначајно-рекол Лека.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top