| четврток, 6 декември 2018 |

Над 275 илјади Македонци ја посетиле Грција од почетокот на годината

Над 275 илјади граѓани на Македонија ја посетиле Грција од почетокот на годинава до крајот на септември.

Според податоците на грчките статистички служби, бројот на македонски граѓани кои годинава ја посетиле Грција е за седум проценти поголем од лани, пренесува МИА.

Македонците начесто патувале во Грција поради туризам, бизнис и шопинг. Од земјите во регионот, најмногу посети имало од Бугарија од каде во Грција дошле 858 илјади граѓани, што е зголемување за 27,5 проценти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top