Откако доби руски пасош, францускиот актер, Жерар Депардје, одлучи да поднесе барање и за алжирски пасош. Вели дека себе си се гледа како „граѓанин на светот“.
– Сакам да имам седум пасоши. Ќе побарам алжирски, и многу други. Тоа ќе ми помогне да ги избегнам визите – објасни Депардје.
Актерот побара руско државјанство, поради зголемувањето на данокот за богати во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


