| четврток, 6 декември 2018 |

Иванов во посета на Обединетото Кралство

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов од денеска престојува во работна посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, соопшти неговиот кабинет.

За време на престојот во Лондон, претседателот Иванов ќе има средба со спикерот на Долниот дом на британскиот Парламент, Џон Беркау и со спикерот на Горниот дом на британскиот Парламент, Лорд Фаулер.

Во рамки на работната посета претседателот Иванов ќе одржи предавање на Оксфордската унија и ќе има средба со претседателот на Универзитетот „Оксфорд“, Лорд Крис Патен.

Македонскиот претседател ќе има обраќање во Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам хаус“ на тема „Македонија, миграциите и безбедноста:научени лекции“.

За време на посетата Иванов ќе оствари средби со претставници на македонската дијаспора во Велика Британија и ќе ја посети црковната општина „Свети Ѓоргија“ во Брајтон

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top