| четврток, 6 декември 2018 |

Ја запросил девојката додека паѓал авионот (Видео)

Адвокат од Лондон ја запросил својата девојка во авион кој нагло паѓал, додека маските за кислород испаднале од лежиштето, а патниците викале.

Крис Џенас сакал да ја запроси својата девојка, Кејси Кинчела на нивниот романтичен одмор во Бали. Меѓутоа, неговиот план не успеал кога авионот во кој патувале наеднаш почнал да губи висина, а патниците очекувале да се сруши.

“Авионот “Ер Азија” кој летал од Австралија за Бали паднал 20.000 стапки за само 10 минути, а пилотот ги замолил патниците да завземат положба за принудно слетување” наведува порталот Mirror

Тогаш Крис одлучил да ја запроси својата девојка.

“За среќа се согласи. Повторно се согласи на брак и кога слетавме” кажал Крис за NBC News.

Шокантанта снимка од авионот покажува како се тресат седиштата и како се плашат патниците додека се подготвуваат за принудно слетување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top