Родителите на Себастијан Курц, кој по победата на неделните парламентарни избори во Австрија и најавата дека ќе биде нов канцелар, за време на неговото детство во својот дом примиле бегалци од Босна за време на војната во Југославија.
Деновиве е интересен приватниот живот на Курц. Како што пишува „Велт“, тој доаѓа од едноставно семејство. Неговата мајка била учителка, а татко му техничар. Како дете израснал во предградието на Виена, Меидлинг.
За неговата девојка, пак, јавноста знае многу малку. Се знае дека се вика Сузан и дека тие двајца се во врска 13 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


