Охридската полиција поднесе пријави против двајца насилници кои прво му се заканувале, а потоа наводно и го повредиле Г.П. од Охрид, откако тој со своето возило им го прегазил нивното куче.
Настанот се случил околу 4.30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид. Според полицијата, браќата Е.М. и Е.М. од село Новак кои се осомничени за сторени кривични дела недозволено изработување, држење и тргување со оружје и други распрскувачки материи, го нападнале Г.П.. Во еден момент, еден од браќата со пиштол што го поседувал без дозвола испукал неколку куршуми во воздух, па избегале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



