| четврток, 6 декември 2018 |

Белорусинка е првата светска Мис во инвалидска количка (Видео)

Александра Чичкова од Белорусија е избрана на светскиот натпревар за Мис во инвалидска количка, прва таква манифестација што се одржа во Варшава.

Чичкова има 23 години и струдира психологија. На гала манифестацијата учествуваа 24 млади жени од 19 држави.

– Целта на манифестацијата е да се смени сликата за жените во инвалидски колички, изјави Катарзина Гиналска, една од организаторите и претседател на жирито.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top