| четврток, 6 декември 2018 |

Путин слави роденден, демонстранти на улиците

Претставници на опозицијата во Русија соопштија дека се уапсени демонстранти во градовите Твер и Самара, во централна Русија. На демонстрации повика опозицискиот политичар Алексеј Навални, а повод е 65-от роденден на рускиот претседател Владимир Путин. Навални имаше цел да мобилизира илјадници свои приврзаници. Планирани се собири во околу 80 градови во земјата. Најголем собир се очекува во Санкт Петербург, родниот град на Путин.

Руските власти во Москва и Санкт Петербург ги забранија планираните собири во центрите на двата града. И покрај тоа, во Москва на демонстрации излегоа неколку стотини луѓе, јави агенцијата АФП.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top