| четврток, 6 декември 2018 |

Толпа патници претепале контролор на ЈСП

автобус

Петнаесетина патници на автобусот број 19 не сакале да платат билети и го претепалем контролорот на ЈСП.

МВР јави дека вчера во 13.40 часот во Скопје на улица „Втора македонска бригада“, на автобуска постојка во автобус на ЈСП бр. 19, 15 непознати лица поради немање билети физички го нападнале М.Ј.(48) од село Стајковци, кој вршел контрола во автобусот, удирајќи го со тупаници и клоци по главата и по телото, при што му нанеле телесни повреди. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top