| четврток, 6 декември 2018 |

АБА-лига: МЗТ Скопје го победи Партизан

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром со победа над Партизан ја започна новата сезона во регионалната кошаркарска АБА лига.

На натпреварот од првото коло одигран вечерва во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, беа подобри од белградски Партизан со 92-89, по четвртини 26:25, 16:23, 21:19 и 29:22.

Репрезентативниот македонски тандем Бојан Трајковски и Дамјан Стојановски беа носители на играта на МЗТ Скопје. Стојановски покрај 25 поени имаше и пет скокови и четири асистенции, додека Трајковски средбата ја заврши со дабл-дабл ефект од 20 поени и 14 скокови. Од странците во редовите на „металците“ со својата игра се истакна Ерик Гарсија со 17 поени и девет скокови.

Веќе во вторник (3 октомври) МЗТ Скопје ќе го одигра и вториот меч во кој ќе гостува кај ФМП тим, кој пак денеска, во првиот меч од новата сезона, загуби од Цедевита со 74-67.

Во останатите натпревари од 1.коло на АБА лигата ќе играат: Будуќност – Задар (сабота), Мега Бемакс – Цибона и Црвена звезда – Морнар (недела) и Петрол Олимпија – Цедевита (понеделник).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top