| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ го злоупотребува Државниот инспекторат за локална самоуправа за да овозможи доселување на мигранти

Сосема е јасна ситуацијата за мигрантите. Меѓу 15 и 20 општини покренаа иницијатива за рефенедум, донесоа одлука тој да се одржи на 15 октомври, кога се и локалните избори, за да не се прави дополнителен трошок и тоа е нормално во секоја земја. Во Америка, на пример, се собираат иницијативи за референдум и се ставаат на денот кога и онака има избори. Со тоа се избегнуваат трошоци, малтретирање на граѓаните, објасни вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во Дневникот на Сител, зошто ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува иницијативите на општините за одржување референдум на денот на локалните избори.

СДСМ има сосема друга намера од таа што ја зборворува. СДСМ има дадено ветување дека Македонија ќе биде земја којашто ќе прими мигранти. Не сака сега да го каже тоа, зашто ќе се одрази на локаните избори. Од тие причини бара начин, злоупотребуваќи ја извршната власт. Инспекторатот за локална самоуправа е директно под надлежност на владата. Прво, ако СДСМ навистина не сакаат да носат мигранти во Република Македонија, требаше да излезат и да кажат не само што не сме против да има референдуми, туку сме за, ги поддржуваме, го повикуваме и нашето членство, нашите активисти, сите оние кои не поддржуваат, да излезат на тој референдум и да гласаат против населувањето мигранти во тие општини. Тие не само што не го направија тоа, туку директно преку Инспекторатот за локална самоуправа прават интервенција со која сакаат да го невозможат сето тоа. Плус, го злоупотребуваат овој инспекторат, бидејќи противправна е одлуката што ја донесе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top