| четврток, 6 декември 2018 |

Клеменс Данцер од АРРИ во Битола: Прв пат сум во Македонија, жал ми е што не го говорам вашиот јазик, но се надевам дека тоа ќе се промени

Уметничката директорка на фестивалот  „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска денеска разговараше со  Клемес Данцер/Clemes Danzer, претставник на глобалната компанија во индустријата на подвижни слики, АРРИ, која оваа година ја прославува 100 фодишнината од своето постоење.

АРРИ е водечки дизајнер и производител на системи за снимање и осветлување во филмската и радиодифузната индустрија, со мрежи на глобална дистрибуција и услуги. Компанијата е формирана во 1917 година, во Минхен, Германија каде и денес што и денеска се наоѓа нејзиното седиште компанијата.

-Многу сум возбуден што сум овде. За прв пат сум во Македонија, па жал ми е што не го говорам вашиот јазик се уште, но се надевам дека ќе бидам овде почесто и тоа ќе се промени. Она што навистина ми се допаѓа околу фестивалот е што е фокусиран на кинематограферите, сметам дека тоа е многу посебно, доколку се спореди со останатите фестивали во Европа. Кинематограферите се луѓето кои што ја овозможуваат филмската магија и ни ја пренесуваат емоцијата – рече Данцер.

Тој понатаму објасни дека срцето на АРРИ, компанијата за која тој работи веќе 26 години се всушност инженерите кои постојано работат на иновации и подобрување во опремата за снимање филмови и ја поставуваат АРРИ како лидер на светскиот пазар, посебно со новата мини камера Алеска, која се повеќе кинематографери ја користат како главна камера за снимање на филмовите, иако првично била замислена како помала, споредна камера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top