| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Ослободувањето од помрачувањето кое ја зафати Македонија ќе започне на 15 октомври

На промоцијата на кампањата и програмата на ВМРО-ДПМНЕ лидерот на партијата, Никола Груевски ја презентираше Новата ера, она што е содржано во новата програма.  Притоа тој нагласи дека новата ера започнува денеска, нова ера за Македонија.  Според него токму оваа програма е иднината на Македонија, иднината на напредокот.

-За да го реализираме она што е во програмата, за да се движиме напред и да ја започнеме Новата ера прво треба да се ослободиме од помрачувањето кое ја зафати Македонија. Ослободувањето од тоа помрачување ќе започне на наредните локални избори на 15 октомври, а ќе заврши со предвремени парламентарни избори и со враќање на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија на чело на Република Македонија – додаде Груевски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top