Семејството Брајант постигна компромис, само 10 проценти од маичките, шорцевите и другите работи кои Коби ги носел на почетокот на кариерата, да бидат понудени на јавна продажба.
Брајант и неговиот адвокатски тим им се заканија на родителите на кошаркарот дека дури и ќе поднесат тужба против нив, доколку ги продадат неговите спомени. Ова очигледно дало резултат, па на крајот само мал дел од опремата ќе биде понуден на заинтересираните колекционери.

Проценето е дека и од овој мал дел од вредните нешта ќе заработат околу половина милион долари. Тие воедно јавно му се извинија на својот син, затоа што сакаа скришно да му ги продадат спомените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


