| четврток, 6 декември 2018 |

Евентуалната испорака на оружје не носи стабилност, порачуваат од Кремљ

Евентуалната американска испорака на оружје на Украина нема да донесе стабилност на истокот од земјата, соопшти денеска Кремљ.
Претседателот на Украина, Петро Порошенко напиша на своите профили на социјалните  мрежи дека Сенатот одобри снабдување на Украина со оружје за одбранбени цели.
Тој наведе дека,  според законот усвоен во САД, вкупно 500 милиони се наменети за поддршка на украинската одбрана и безбедност.
– Тоа е изјава на Порошенко. Немаме изјава од американската страна за ова, изјави портпаролот на Кремљ,  Дмитриј Песков.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top