Лидерот на Северна Кореја е познат по тоа дека обожава цензура: Ким Џонг Ун ги има забрането социјалните мрежи FФејсбук и Твитер, како и пристапот до голем број медиуми. Најново од Ким е што забрани пирсинг и западна гадероба.
На ниво на земјата се забранети разни влијанија од Западот, како стил на облекување, фризури, музика, уметност и слично. Последната забрана сигурно нема да ѝ се допадне на неговата сопруга Ри Сол Џу, која судејќи по објавените фотографии, го сака западниот стил на облекување.
Набрзо откако дојде на власт во 2013 година, Ким состави список од 28 фриури што се дозволени во државата, 10 за мажи и 18 за жени. Неговата популарна фризура не е на списокот, бидејќи очигледно е резервирана само за него.
Оваа мистериозна и изолирана земја сепак има една сличност со нејзиниот сосед на полуостровот: Јужна Кореја. Политичките тензии меѓу двете земји се сериозно засилени во изминативе месеци, но едно прашање по кое се согласуваат е дека не дозволуваат секси движења на сцена. Тоа значи дека музичарите кои сакаат да се пробијат на овој пазар не може да го направат тоа со секси видеоспотови и секси танцување на концерти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


