| четврток, 6 декември 2018 |

Лора е дома

Петнаесет годишното девојче од Неготино, по кое што денес трагаше целиот град, е пронајдено.

,,Лора е во општа добра состојба, моментално се наоѓа во ЈЗУ Неготино, каде прима инфузија. Семејството е покрај неа. Сакаме да се заблагодариме на сите кои помогнаа во потрагата, среќни сме што се заврши добро. Се уште е рано да разговараме со неа за тоа што се случувало во меѓувреме, додека ја немаше – изјавиле за ,,Фокус’’ членови на семејството на девојчето.

Потргата по неа започна попладнево, откако од 11 часот излегла од дома и била недостапна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top