| четврток, 6 декември 2018 |

Економијата тоне, Владата не реагира: Падот го бележат и извештаите на меѓународни финансиски институции

Извештајот на „Фајненс тинк“ покажува дека растот на економијата е замрзнат и сите параметри укажуваат на надолен тренд.  Паднаа извозот, странските инвестиции, индустриското произвотство , просечните плати.. се топат девизните резерви. До крајот на годината можни се отпуштања на работници од странските инвестиции.

„Фајненс тинк“ е песимист дека новата влада ќе може за најкусо време да се врати на патеката на структурните реформи, стои во најновата анализа.Економијата во Македонија во вториот квартал од 2017 година е намалена за 1.8 отсто споредено со истиот квартал од 2016година. Во поголем дел од овој период, домашните инвеститори речиси целосно се воздржаа од развојни активности, а влез на нови странски инвеститори речиси и немаше, проценува „Фајненс тинк“.

Економијата остана „замрзната“, поради што „Фајненс тинк“ бележи надолен трнд на растот на БДП за годинава на 0.8 отсто. Оваа значајна надолна ревизија на БДП е одраз и на повисокиот пад на економијата од очекуваниот во вториот квартал годинава, како и на застојот во реализацијата на капиталните инвестиции, понатамошната воздржаност на потенци јалните странски инвеститори и отсуството на амбициозна и структуирана економска цел и програма во моментов, оценува овој институт за економски истражувања и политики.

Бруто-инвестициите се намалија за 19,9%. Истовремено, во отсуство на владин импулс, капиталните инвестиции, особено оние во крупната инфраструктура, се реализираа со значително забавено темпо. Градежништвото се намали за 17,3%.

Паралелно на ваквите движења на економијата, стапката на невработност забележа понатамошно благо намалување за 0,3 процентни поени, до 22,6%, кое главно се должи на исцрпувањето на ефектите од вработувањата во фабрките кои веќе беа воспоставени во економијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top