| четврток, 6 декември 2018 |

Странските компании во дилема по новите економски политики на Владата (Видео)

Три големи мултинационални компании кои вработуваат околу 2 000 луѓе, најавиле напуштање на државата незадоволни од третманот на владата и селење на својот капитал во држави од овој регион, објавуваат денеска медиумите.

Тие пишуваат дека корпорациите ова прашање го издигнале на највисоко ниво меѓу бордот на директори во своите компании. Главна забелешка била најавата за декласификација на државната помош која ја добиваат, најавите за повисоки даноци, запоставување на странскиот капитал. Две од компаниите се од автомобилската индустрија и доаѓаат надвор од Европа, а третата компанија е од технолошката индустрија и е со Европски капитал, објавувија домашните медиуми.

Она што е познато дека и голем број на други компании се откажале од разговори со владата за идно инвестирање. Една американска компанија донела дефинитивна одлука својата инвестиција да ја пренасочи кон Србија. Се работи за инвестиција која во Македонија ќе обезбедеше 1.500 вработувања.

Вчера лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ја обвини новата влада дека води погубна политика кон странските инвестиции и дека се откажува од 25 000 нови работни места и 60-тина нови странски компании со кои претходната влада била во преговори. Груевски изрази загриженост дека сето ова ќе биде упропастено и ја постави дилемата дали воопшто Владата сака странски инвестиции.

– Ако до неодамна се прашував дали во новата влада знаат да привлекуваат странски инвеститори, сега се повеќе се прашувам дали всушност сакаат. Дали можеби некому не му одговара нови фабрики кои нудат повисоки плати за да преземат дел од најдобрите од постоечките фирми, кои или ќе треба да ги качат платите или да ги загубат подобрите вработени, изјави Груевски.

Тој посочи дека ваквата стагнација ја чини и допрва ќе ја чини македонската економија. Груевски истакна и дека со декласифицирањето на субвенциите за странски компании ќе се нанесе огромна штета и драматично ќе се намали конкурентноста на државата во однос на другите соседни и регионални држави кои се натпреваруваат за инвестиции.

(извор – ТВ Нова)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top