| четврток, 6 декември 2018 |

Џорџ и Шарлот ќе добијат брат или сестра, а Кејт Мидлтон е можеби најпрекрасната мајка на светот (фото)

Кралското семејство вчера објави дека Кејт Мидлтон и принцот Вилијам го чекаат третото дете. Тие веќе ги имаат принцот Џорџ (4) и принцезата Шарлот (2). Медиумите направија избор од неколку фотографии што покажуваат дека можеби Кејт Мидлтон е најпрекрасната мајка на светот.

На венчавката на својата сестра Пипа, Кејт се грижеше за сите присутни деца и се чини дека тоа добро и успеваше.

Со своите деца одлично го комбинира и начинот на облекување и тоа секогаш изгледа многу симптатично.

Секогаш е подготовена на игра со децата.

Таа ги обожава своите деца.

Подготвена е и да ги утеши, кога ќе паднат или ќе се повредат.

Ако малата Шарлот не сака да стои мирно, мама е секогаш тука да ја придржи во раце.

Но, ако принцезата не знае да се однесува како што и доликува, тогаш Кејт знае да биде и строга мајка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top