Четири години граѓаните на Општина Центар на своја кожа го чувствуваат неработењето на Андреј Жерновски и СДС, изјави денеска Јордан Ристески од ВМРО-ДПМНЕ.
– Расипничкото и неодговорното однесување со парите на граѓаните веќе излезе на виделина. Жерновски по теркот на СДС потроши над еден милион евра за улица од речиси 370 метри. За да ви бидат работите појасни и да имате претстава како се цедат парите на жителите на Центар и се одлеваат во фирми блиски на СДС и Жерновски би сакале да дадеме неколку примери.
„Плоштад Богородица“ кој се наоѓа во непосредна близина на Министерството за надворешни работи и е неколкукратно поголем од Боемската улица на Жерновски чини 557 илјади евра. Во ова цена вкалкулирано е партерното уредување со комплетното осветлување и придружни елементи.
„Плоштадот Филип Втори“ кој се наоѓа кај Црквата Св. Димитрија исто така со целокупното партерно уредување и придружни елементи со осветлување чини верувале или не 3 пати помалку или 390 илјади евра.
– Булеварот Христијан Тодоровски Карпош ( делница Чаир ) во должина од 670 метри или, три пати поголема од вкупната должина на Боемската улица 2 чини 700 илјади евра. За да ви биде појасно овде станува збор за булевар со 4 летни, со целосна изведба на подземна и надземна инфраструктура со целосно осветлување. Ова се само дел од неколкуте примери за тоа како функционира една општина кога градоначалникот е од редовите на СДС, во овој случај Жерновски, вели Ристески.
Тој потенцираше дека Жерновски не само што континуирано ги лаже жителите на Центар, тој исто така без срам, недомаќински ги троши парите на жителите на Центар.
– Проектите што ги ветија Жерновски и СДС не се реализирани, а тоа најдобро го знаат Центарци. Наместо да се фрли на работа, приоритет на Жерновски беше како со парите на жителите на Центар да се шета низ Европските светски центри. Жерновски и СДС се пример за неодговорна и расипничка власт. Неговиот мандат се обележа со неспособност, недоволна посветеност и индиции за корупција. Неработливоста и расипништвото на Жерновски граѓаните ќе го казнат на 15-ти октомври, а со тоа ќе ја делегитимираат неспособната влада на СДС, заврши Ристески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)