| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска се намачи со Унгарија

Во тесен и незивесен натпревар, селекцијата на Хрватска заигра најдобро кога беше најпотребно, па во последните 10 миниути одигра онолку колку што требаше за стартна победа во Групата - Ц.  Најефикасен во победничкиот тим беше Бојан Богдановиќ со 23 поени, додека на спротивната страна Золтан Перл постигна 12 коша. Претходно, во Групата - Д селекцијата на Белгија славеше над Велика Британија со 103:90

Хрватска не дозволи да доживее идентична судбина како Франција и Литванија во првиот настап на 40. Европско кошаркарско првенство. „Коцкестите“ ја совладаа Унгарија со 67:58 во рамки на групата Ц во Клуж, Романија, но фаворитската улога ја оправда дури во последната четрвтина од средбата. Ја „стегнаа“ одбраната, ги сведоа Унгарците на само пет коша и ја растераа неизвесноста околу победникот во „Поливалента арена“.

„Знаевме дек ќе биде тешко, знаевме дека може да има нервоза. Сепак е прв меч на првенството. Но, и Унгарија одигра над нејзиното објективно ниво. Дури и по повредата на Ханга, беа носени од навивачите. Најважно е дека победивме и дека можеме подобро низ групната фаза. Ќе анализираме како одигравме и каде грешевме за да не им дозволиме премногу шанси на нашите наредни ривали“, рече по мечот Бојан Богдановиќ.

Токму тој го предводеше составот на Александар Петровиќ на терен против Унгарија. Кошаркарот на Индијана пејсерс вгради 23 поени и седум скока во премиерниот триумф на Хрватите на завршниот турнир, двоцифрена граница на кошеви (12) ја проби само уште Шариќ. Најефикасни во поразената селекција беа Жолтан Перл со 12 поена и Војвода со 11.

Белгија ја „испали“ првата „стотка“ на ЕП 2017

Белгија ја забележа првата „стотка“ на Европското првенство во кошарка. Во најефикасниот меч на шампионатот досега Белгијците ја совладаа Велика Британија со 103:90 во првиот меч во групата Д во Истанбул.

Прв стрелец во победничката селекција беше Де Зеув со 21 поен, два помалку од него додаде Ван Росом. Оласени со 21 кош, пак, беше најзабележителен кај Британците.

ЕП 2017 во кошарка – Финска, Израел, Романија, Турција

Група Ц (Клуж), 1 коло

Унгарија – Хрватска 58:67

Шпанија – Црна Гора (16,45 ч.)

Романија – Чешка (19,30 ч.)

Група Д (Истанбул), 1 коло

Белгија – В. Британија 103:90

Србија – Летонија (во тек)

Турција – Русија (20 ч.)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top