Тешок камион вечерва удри во луѓе што биле на тротоар во центарот на Москва. За среќа чудниот инцидент минал без човечки жртви.
Наводно камионот ја изгубил контролата, излетал од патот и се качил на тротоарот.
Наместо возачот да запре, тој исчезнал во непознат правец. На место веднаш пристигнале криминалистите кои започнале истрага. Неколку часа подоцна возачот е уапсен.
Како резултат на инцидентот, две лица се повредени и тие се во болница. Една од нив е познатата пејачка Линда (Светлана Гајман). Во моментов, полицијата го испитува возачот апсењата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


