Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница едногласно одлучи да поведе постапки за три приговори против Генералниот секретаријат при Владата и Агенцијата за вработување на Град Скопје за поведување дисциплински постапки, суспензија и отказ по распишување на локалните избори.
Комисијата во трите случаи смета дека има основа за поведување постапки и ќе поднесе барања до ГС и до Агенцијата за вработување да им биде доставена соодветна документација, како што кажа претседателот Игор Тантуровски, за најбрзо време, а најдоцна за 15 дена.
Триесет и двајца вработени во Владата на Република Македонија, според претседателот на Комисијата Игор Тантуровски, поднеле приговор против Генералниот секретаријат на Владата.
– Во него се наведува дека генералниот секретар на Владата Драги Рашковски на различни датуми по распишувањето на локалните избори до Дисциплинската комисија за утврдување и кршење на работниот ден и дисциплина испратил селективни предлози со кои се бара мерка престанок на работен на однос на неколку селективно определени државни службеници вработени во Владата. Согласно сознанијата на 32 баратели Комисијата, која е веќе формирана, на 18.8. 2017 имала закажано расправа и врз основа на тоа треба да донесе одлуки за престанок на работниот однос, извести Тантуровски.
Според него, согласно член 74 од Изборниот законик во случај на поднесен приговор за непочитување на одредбите од член 8 – а и б од законот, ДКСК е должна да ги испита наводите и да постапи по поднесениот приговор. Наводите во приговорот, како што кажа на јавната седница, укажуваат на кршење на член 8 -а став 1 алинеја 4 од Изборниот закон според кој во време на изборен процес не може да започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни и јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување освен во случаи на итни и неодложни работи.
Комисијата донесе заклучок да побара информација од ГС на Владата дали е покрената постапка за престанок на работен однос на овие лица и ако е покрената кога е покрената, по кој член од Законот за државни службеници и таа да се достави до ДКСК, дали дисциплинската комисија ги разгледала и дали одлучувала по овие предмети и дали донела решение за дисциплинска мерка и ако донела кога донела и решението да се достави до ДКСК.
Димче Стојановски од Кичево поднел приговор до Антикорупциска бидејќи по распишувањето на локалните избори Генералниот секретаријат при Влоадата повел дисциплинска постапка против него по што добил отказно решение.
Поранешната директорка на Агенцијата за вработување на Град Скопје Слободанка Алексовска поднела приговор во којшто навела дека дека на 22 овој месец била суспендирана од работа, дека претходно против неа била поведена дисциплинска постапка и дека била поставена на работно место пет нивоа пониско.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст