Македонската амбасада во САД, согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, до овој момент нема сознанија за македонски државјани зафатени од катастрофалните поплави во Хјустон и околината, причинети од ураганот “Харви”.
Како што соопшти МНР, Македонската амбасада во САД е во контакт со официјалните служби, одговорни за справување со природната катастрофа, за какви било нови информации.
Македонски граѓани кои евентуално се зафатени од ураганот “Харви” можат да ја контактираат Македонската амбасада во САД на следниве телефони:
00 1 202 390 7418
00 1 202 667 0501
За какви било дополнително добиени информации, МНР навремено ќе ја извести македонската јавност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст