
Најдобриот стрелец од минатата сезона Златан Ибрахимовиќ се врати во Манчестер Јунајтед и ќе се обиде да му помогне на тимот да дојде до титулите во Лигата на шампионите и Премиер лигата.
Но, работите сега се сменети во однос на минатата натпреварувачка кампања. Освен што Швеѓанецот потпиша договор за двојно помала плата од лани, сега нема ниту да го има истиот статус во тимот. Мурињо веднаш го седнал Ибрахимовиќ и му соопштил дека нема автоматски да биде прв избор во нападот затоа што сега таа предност ја имаат Ромелу Лукаку и Маркус Рашфорд.
Златан добро ме познава и добро знае дека секогаш им давам предност на најдобрите играчи во моментот. Ако докаже дека е најдобар кога ќе се врати, ќе игра. Ако другите покажат дека се подобри од него ќе седи на клупата, таков е животот. Јас го барам најдоброто за тимот. Јас во секој случај ќе барав напаѓач во јануарскиот преоден рок, а вака го имаме Ибрахимовиќ кој треба да помогне во вториот дел од сезоната, изјави Мурињо.
Иако се појавија најави дека Ибрахимовиќ би бил подготвен за игра во октомври, португалскиот стручњак ја отфрли можноста напаѓачот да се појави во групната фаза од Лигата на шампионите каде противници на Јунајтед се Базел, ЦСКА и Бенфика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


