Со либерализација на пазарот на електрична енергија која планира да ја воведе владата на СДС, сметките на граѓаните за електрична енергија ќе се зголемат, за најмалку 20%, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Актуелната популистичка мерка нема да влијае на сметките. Секој корисник на електрична енергија ќе ја види измамата со првата сметка. Затоа СДС ја најавува мерката сега, а разочарувањето ќе стигне после изборите. На граѓаните очигледно им станува јасно дека се повторува сценариото за продажбата на ЕСМ кое беше најавено како бонбона бизнис, а се што им донесе беа поскапи сметки за електрична енергија, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Либерализацијата на пазарот ќе биде уште еден бонбона бизнис на врхушката од СДС, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека 0ва е проект за лично богатење, на сметка на граѓаните кои ќе осиромашуваат. -СДС на 15-ти октомври ќе биде казнет за несовесно и неодговорно работење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


