Промоција на романот „Бежанци“ и разговор со авторката Весела Љахова ќе се одржи на 26 август, со почеток во 20.30, во просториите на „Кино Култура“. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски.
„Бежанци“ е првиот роман на бугарската писателка Весела Љахова (1961) со кој таа постигнува голем успех по неговото објавување, а кај нас го објави „Готен“. Станува збор за историски роман кој врз фонот на мошне специфичните и многу често на контроверзен начин толкувани историски настани прикажува бројни човекови судбини. Книгата претставува глас на автентично сочувство кон обичниот човек, кон неговите страдања и неговата способност во големите историски премрежија да го зачува своето достоинство. „Бежанци“ е сага за едно време исполнето со драматични историски настани, но и сага за човековата волја да постави јасна граница меѓу доброто и злото, за човековата моќ да донесува одлуки што нема да го нарушат индивидуалното чувство за праведност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


