| четврток, 6 декември 2018 |

Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2017“ завршува со изложба на учесниците

Во организација и реализација на Музејот на град Скопје и Хотел  Солун, а со финансиска подршка на Град Скопје, во среда ( 30 август) во 20 часот во хотел Солун, свечено ќе биде означено затворањето на 12-та по ред Меѓународна Ликовна Колонија “Скопје 2017“ , со изложба на делата кои беа творени во изминатите 10 дена од 10 автори-учесници и тоа: Лиза Волфел од Германија, Хилал Балчи од Турција, Камал Абухалавех од Јордан, Мирослав Живковиќ од Србија и Адел Мустафа Елсеиди од Египет, како и 5 автори од Македонија:  Мирослава Микица Трујкановиќ, Христина Зафировска, Марија  Марковска, Бурим Укиќ и Часлав Марковиќ

По тој повод, пред присутните ќе се обратат,  г-дин Томислав Микулчиќ в.д. директор на Музеј на град Скопје и г-дин Коце Трајановски градоначалник на Град Скопје

Учесниците на Меѓународната Ликовна колонија „Скопје 2017 и оваа година по четврти пат  престојуваа во Хотел Солун, лоциран во централното јадро на град Скопје, а  втор пат твореа во просториите на Музеј на град Скопје.

-Веруваме дека културната јавност ќе ја поздрави оваа манифестација под патронство и заложба на г-дин Коце Трајановски градоначалник на град Скопје и неговите соработници, како и стручниот тим од Музејот на град Скопје кој е организатор и реализатор, но секако и тимот на хотел Солун, кој несебично ги отвори своите врати и ја подржа оваа манифестација, велат од Музеј на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top