| четврток, 6 декември 2018 |

Велешанка изчезната веќе неколку дена- била на гости во Скопје а потоа и се губи трага

Во полициската станица во Велес, 36- годишниот Е.Џ од Велес пријавил дека неговата невенчана сопруга 39- годишната Џ.Е исчезнала на 13.08.2017 година.

Тој и неговата сопруга, на 13.08.2017 година отишле во Скопје на лекарски преглед. По прегледот Џ.Е. останала кај нејзиниот брат во населба Злокуќани во Скопје, а Е.Џ. се вратил во Велес.

Истиот ден, околу 17.30 часот, Џ.Е. му кажала дека ќе се врати во Велес, но до моментот на пријавување не дошла дома.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top